(АУДИО) ИМЕНУВАН НОВ ДИРЕКТОР НА РАДИО МАРИЈА МАКЕДОНИЈА

Written by on October 30, 2017

На 29 октомври 2017 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, за време на светата Литургија, која ја предводеше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во сослужение на деканот во Скопска бискупија, дон Давор Топиќ и деканот во Апостолскиот егзархат во Македонија, о. д-р Зоран И. Стојанов, беше прочитан декретот за разрешување на досегашниот директор на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија монс. Антун Циримотиќ. Воедно беа прочитани декретите за нови именувања за спомнатите институции.

За директор на Македонски Каритас е именуван парохот на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Битола, дон Паво Шеќерија. За директор на Радио Марија Македонија е именуван парохот на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица, о. Гоце Костов, кој е воедно и уредник на веб порталот „Католици.мк“ и списанието „Светлина“.

Бискупот Стојанов во пригодната проповед се заблагодари на монс. Антун Циримотиќ за неговата неуморна работа и пожртвуваност, а на новоименуваните директори им посака благословена и успешна мисија.

 

Tagged as

Radio Maria Macedonia

Current track
TITLE
ARTIST