ЗДРУЖЕНИЕ РАДИО МАРИЈА МАКЕДОНИЈА

Здружението на граѓани Радио Марија Македонија е невладина, непрофитна и непартиска организација на граѓани кои споделуваат христијански вредности, христијанска култура и поглед на свет.
Основна дејност на Здружението е пренесување на евангелската радосна вест преку радио на територијата на Република на Македонија.
Ова здружение е основано е на 19 јуни 2012 година во Скопје.
Здружението е заведено во Централниот регистар.
Претседател на Здружението е Катица Трајковска Абјаниќ, а членови на Собранието на Здружението се: Анџелина Марк, Ратислав Кардалев, Рудолф Никола, Јадранка Чадиновска и Ена Абјаниќ.
Здружението го реализира проектот Радио Марија Македонија при што ја има подршката од Скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија д-р Киро Стојанов.

ИСТОРИЈАТ

Проектот Радио Марија не може да се разбере доколку низ еден историски преглед не се земат предвид значајните етапи од неговата појава и неговиот развој.
Во далечната 1987 година во својот незаборавен говор на плоштадот Св. Петар во Рим, тогашниот Папа, сега Свети Јован Павле II ги повика сите верници заедно да соработуваат и да го реализираат големиот проект на новата евангелизација во третиот милениум.
Меѓу бројните иницијативи кои потоа ги иницираа лаиците и свештениците како одговор на тој повик на Папата голем број католици во светот на медиумите покренаа голем број на радија кои предходно работеле на аматерско ниво и пред се како парохиски радија. Овие мали радио станици кои за емитување често ја употребувале камбанаријата, имале за цел да им олеснат на луѓето особено на оние во години да ја слушаат неделната Света миса и да учествуваат во молењето на Сетата бројаница, станувајќи на тој начин дел од на парохиската мисија. Меѓу сите овие радија имаше едно кое беше создадено во 1983 година во малото градче Ерба, во провиницијата Комо (Италија). Тоа не се разликуваше од останатите во однос на стилот и организацијата, но имаше нешто повеќе – посебна посветеност на Света Дева Марија, поголем простор посветен на молтвата, особено на секојдневната молитва на Светата бројаница како и секојдневен пренос на Света миса.
Ова радио се викаше Радио Марија,
Така во 1987 година се конституира Здружение Радио Марија и раката на провидението сакаше тука постепено да ги собере лаиците и верските лица нивните лични духовни и професионални искуства великодушно да ги ставт во служба на ова мало и скромно средство за комуникација. Меѓу членовите на Здружението тогаш се развиваше свеста од неопходноста да се прошири радиусот на влијанието на Радиото и да се премине на едно повиско ниво на понуда, ставјќи ги во центарот на програмата молитвата и катехезата.
Оваа нова линија имаше таков успех што по три години програмата на Радио Марија се пренесуваше на целата териоторија на Италија благодарение на милионите слушатели, молитвата но исто така и материјални дарови. Бројот на овие слушатели се зголемуваше и надвор од границите на Италија. Речиси на сите континенти бројни радио станиците му се придружуваа на Проектот Радио Марија и нема да ни се чини претерано доколку зборуваме за универзален повик.
Експанзијата на овој повик ги охрабри одговорните на италијанското Здружение Радио Марија да замислат инструмент кој ќе гарнтира заедништво и соработка меѓу бројните активни радио станици Радио Марија, како и на оние во фаза на создавање насекаде низ светот.
Годините на обмислување и молитва поминуваа и конечно беше пронајден начинот на реализација на оваа структура. Во 1998 год. беше основано здружението WorldfamilyofRadioMaria кое има за задача промоција, заштита и развој на проектот Радио Марија во светот. Секое Радио Марија помогнато во своето настанување и својот развој се обврзува да се здружи со „Светската фамилија“ за да придонесе на духот на мисијата на проектот Радио Марија во сите земји во светот во кои ќе се појави и најмало семче на овој повик.

ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО РАДИО МАРИЈА МАКЕДОНИЈА

Катица ТРАЈКОВСКА АБЈАНИЌ
Во Скопје, каде е и родена, го стекнува и оформува нејзиното образование. Со диплома професор по француски јазик и литература се стекнува на Филолошкиот факултет на Унивезитетот св. Кирил и Методиј, паралелно студирајќи и на Факултетот за драмски уметности.
Специјализира театрологија на Универзитетот Сорбона во Париз. По работното искуство во Радио Скопје, Екран и Нова Македонија, три децении работи во Македонската радио телевизија, во областите на културата, уметностите, религијата, меѓународната соработка…
Од владата на Република Франција е одликувана со орденот Chevalier de l` ordre des arts et des lettres а потоа и со орденот Chevalier dans l` ordre des Palmes académiques