Маријатон 2017

Posted · Add Comment

Што е Маријатон?

„Маријатон“ е голбален промотивен хуманитарен радио – настан организиран истовремено на сите пет континенти од здруженијата на Радио Марија.
Целта на овој настан е запознавање со светскиот проект на Радио Марија, а сите луѓе со добра волја повикани се да станат слушатели на ова Радио кое пред сѐ има духовна мисија.
Сите Радио Марии во светот функционираат како едно семејство и овој настан освен промотивна цел, пред сѐ има солидарна димензија – собирање средства за меѓусебно помагање.

Оваа година собраните донации ќе бидат наменети за:

1. Радио Марија Пуерто Рико
2. Радио Марија Хаити
3. Радио Марија Куба
4. Радио Марија на Блискиот Исток – Ирак, Сирија, Египет и Јордан.
5. Мобилни студија за Радио Марија во Нова Гвинеа, Сиера Леоне, Швајцарија, Чиле.
6. Радио Марија Кенија и Најроби
7. Радио Марија Демократска Република Конго
8. Набавување на 50.000 мобилни радија во болници, затвори и кампови за бегалци (каде може да се слуша некоја Радио Марија)
9. Радио Марија Белорусија
10.Радио Марија Словачка

Секој прилог даден од срце, ќе придонесе овој проект на светско ниво да продолжи да живее и да се развива, со цел пред се да биде од помош на црквата, но и да создава мостови меѓу различностите.

Маријатон во Македонија

„Радио Марија Македонија“ е дел од ова светско семејство! По трет пат нашето радио се приклучува кон овој настан.
На 28 мај во католичката катедрала во Скопје и во католичката катедрала во Струмица ќе го реализираме овој настан. За време на утринските свети миси во двете катедрали ќе имате можност да стапите во контакт со преставници од тимот на „Радио Марија Македонија“ да се запознаете со проектот „Радио Марија“ и да придонесете со вашиот прилог кон развој на истиот.