(НАЈАВА) Шареноликоста, бројноста и обредите на Христијанскиот Исток – среда 20 часот

Posted · Add Comment

ШАРЕНОЛИКОСТА, БРОЈНОСТА И ОБРЕДИТЕ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИСТОК
вечерва во 20 часот на www.radiomaria.mk

Поимот „Источни христијани“ има повеќе културолошки – историско значење, отколку географско значење. Имено, не се работи за христијани од источната хемисфера, туку за христијани кои се припадници на Црквите втемелени од самите апостоли и настанати во рамките на старохристијанскиот патријархат Ерусалим, Александрија, Антиохија и Цариград, а денес живеат во јужна и источна Европа, на Блискиот Исток, во Северна Африка и југозападнниот брег на Индија.