Основни вредности на кои се темели Радио Марија

  • Мисионерски дух
  • Маријанска духовност
  • Волонтерство
  • Доверба во Божјото провидение
  • Верност кон Католичката црква

 Останатите вредности кои го градат идентитетот на нашето радио

  • Духовност

Основните содржини на нашето радио се со религиска тематика со цел развивање на духовниот аспект на човечката личност.

  • Радио кое создава заедништво и братски однос меѓу луѓето

Работата во нашето радио пред сè е тимска работа, базирана на релации со меѓусебно почитување и доверба, истите вредности се пренесуваат и на слушателите.

  • Радио ориентано кон слушателот

Нашата програма освен што нуди содржини со религиска тематика, исто така нуди и содржини поврзани со секојдневниот живот.

  • Радио кое ја развива свеста за солидарност 

Нашата програма изобилува со содржини кои имаат едукативно и формативно влијание врз лушателот, така една од главните цели на нашите содржини е развивање на свеста за солидарност.

  • Квалитет

Радио Марија Македонија е дел од World Family of Radio Maria што значи дека ги исполнува сите стандарди кои се бараат од едно радио од овој вид.

  • Отвореност за иновации

Веб радијата нудат голема можност за иновации и користење на нови интегрирани начини на презентација на содржината која треба да се пренесе до слушателот.

  • Користење на социјалните мрежи

ДИРЕКТОР

Монс. Антун Циримотиќ е роден на 01.04.1937 година во Јањево, од татко Јосип Циримотиќ и мајка Драгица, род. Беришиќ.

По завршување на основното училиште во родното место, во 1950 година отишол во Семеништето во Пазин и се запишал во Класична гимназија. Дипломирал на теолошкиот факултетот во Загреб.
За свештеник е посветен на 04.07.1965 година од бискупот д-р Смиљан-Фрањо Чекада. Од 1965 од 1970 година бил раководител на парохијата Зјум. Во 1970 година бискупот д-р Јоаким Хербут го повикува за свој секретар и му ја доверува грижата за изградбата на Катедралата и Пасторалниот центар во Скопје.
Од есента 1983 година до летото 2002 година ја врши должноста Ректор на Бискупското Семениште и Директор и предавач на Класичната гимназија во Скопје. Од март 1984 година до декември 1993 бил раководител на Скопската парохија. Во 1986 година Папата Иван Павле II го именувал за свој капелан (монсињор). Во 1991 година бискупот д-р Јоаким Хербут го именувал за Директор на Македонскиот Каритас. Во 2005 година д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх, го именувал за Генерален викар на скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија. На 31.07.2013 година го именувал за Директор на Радио Марија Македонија.