АКЦИЈА — ЉУБОВ НА ДЕЛО

Posted · Add Comment

II Денови на Света Мајка Тереза

АКЦИЈА — ЉУБОВ НА ДЕЛО
да ги побараме околу нас оние кои имаат потреба од нашата љубов и милосрдие

#ljubovnadelo
Иницијатива на младите од Скопската парохија „Пресвето Срце Исусово„

На ден 3 септември 2017 поттикнати од делата на љубов и милосрдие на света Мајка Тереза, а по иницијатива на младите од нејзината родна парохија во Скопје и во рамки на „Деновите на Света Мајка Тереза“ би сакале особено тој ден да ја живееме љубовта на дело. Да излеземе во пресрет на оние кои имаат потреба од неа и тоа конкретно, посетувајќи ги оние кои се осамени, напуштени и гладни. 
Да им даруваме дел од своето време, материјална помош секој според своите можности и да го отвориме нашето срце кое е создадено да љуби. По тој повод ги повикуваме сите да се вклучат во оваа акција, која не познава никакви граници, да направат некое добро дело, дарувајќи се себеси. 
Знаеме дека сите не можеме да правиме големи работи, но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов!

Да покажеме дека овој свет може да биде подобар, ве повикуваме да ги споделите вашите искуства и фотографии на Инстаграм и Фејсбук користејќи го хаштагот #ljubovnadelo.