ДИРЕКТОР

Отец Гоце Костов е роден на 6 август 1974 година во Велес – Македонија. Детството го поминува во Свети Николе, каде што завршил основно и средно образование. Во 1995 година се запишува на Филозофско теолошкиот факултет во Фулда – Германија, каде во 2000 година дипломира.

Во учебната 2000/2001 година е префект во малата Семинарија во Скопје, а во периодот од 2002-2003 година е координатор во Македонски Каритас.

За свештеник е ракоположен во август 2003 година во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци. Неговата свештеничка служба ја извршувал најпрво како капелан во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица (2003-2006), парохиски свештеник во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци (2006-2013), а од 2013 година е парох во Католичката парохија „Свети Иван Крстител“ во Струмица.

Покрај свештеничката служба тој е уредник на христијанското списание „Светлина“, уредник е на интернет порталот „Католици.мк“ и одговорен за Радио Ватикан, македонска програма, а од 29 октомври 2017 година е имeнуван за директор на Радио Марија Македонија.

Автор е на две книги: Католичка веронаука за 5 одделение, Скопје 2008, Братска љубов, духовни раскази, Струмица 2015 година